strumica denes logo

Претрес во Струмица, пронајден хашиш!

Автор:

Датум:

јули 13, 2025

Автор:

Датум:

јули 13, 2025

На 11.07.2025 во 16.45 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.П.(37) од Струмица. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден хашиш, дигитална вага и дробилка, а при личен претрес на Р.П. било пронајдено полиетиленско ќесе со хашиш. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против Р.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.