ПРЕТРЕС ВО ДОМОТ НА ПЕТ ЛИЦА НА ПОДРАЧЈЕТО НА СВР СТРУМИЦА – ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ШВЕРЦ НА ДРОГА И ОРУЖЈЕ!

февруари 11, 2023

На 09 и 10.02.2023, од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога на територијата на државата беа спроведени координирани зајакнати активности за откривање на сторители на кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, при што лишени од слобода се 26 лица. Во акцијата координирана од Одделот за криминалистичка полиција, а реализирана во содејство со Секторите за внатрешни работи извршени се претреси на дом и други простории, и тоа кај три лица на подрачјето на СВР Скопје, кај пет лица – СВР Куманово, кај осум лица во СВР Охрид, кај 10 лица – СВР Битола, кај пет лица во СВР Струмица, шест лица во СВР Велес, шест лица во СВР Тетово и кај 10 лица на подрачјето на СВР Штип.

Во активностите се опфатени 53 лица за кои постоеле сознанија дека се инволвирани во шверц со дрога и оружје, а претресите се извршени во 46 куќи и помошни простории, седум станови, пет патнички моторни возила и два деловни објекта во 29 општини и градот Скопје.

За време на претресите е пронајдена импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана во Белчиште, охридско, ќеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Покрај ова, за време на активностите се пронајдени и одземени се: марихуана, хероин, 78 семки од растение, 19 пакувања со прашкаста материја, 18 паковки со грутчеста материја, 150 грама амфетамин, таблетки, шприцеви со течна материја, повеќе дробилки, ваги и млин, четири ловни пушки, три ловни карабини и една воздушна пушка, еден пиштол, гасен пиштол и шест куршуми, 12 патрони, 46 куршуми и 92 куршуми маневарска муниција, седум рамки за автоматска пушка и поголем износ на пари во различни валути и апоени, од кои само при претрес во Кавадарци се пронајдени 178 илјади денари кои потекнуваат од продажба на дрога. Против 19 лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215, против 6 лица по член 396 од Кривичниот законик, како и два поднесоци по Закон за оружје.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: