strumica denes logo

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Расте македонскиот извоз – се враќа економскиот раст!

Автор:

Датум:

јули 5, 2025

Автор:

Датум:

јули 5, 2025

Одлични вести за македонската економија, македонскиот извоз бележи значителен раст во месец мај, и тоа за дури 23,44% во евра, и покрај стагнацијата на европскиот пазар и сериозните предизвици со кои се соочува автомобилската индустрија.

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, информираше дека позитивните економски показатели се потврдуваат и во кумулативниот период Јануари–Мај 2025 година, каде што македонскиот извоз пораснал за 3,15% во евра, додека увозот за истиот период е зголемен за само 1%.

„Поголем извоз значи повеќе пари за македонските граѓани. После месеци и години на пад, конечно забележуваме раст за македонската економија,“ истакна премиерот Мицкоски.

Според него, Македонија бележи напредок не само во извозот, туку и во растот на туризмот, бруто домашниот производ, индустриското производство и странските инвестиции, што претставува силен сигнал дека економијата е на вистинскиот пат.

„Оваа година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!“, порача премиерот, додавајќи дека богата Македонија значи силна Македонија.