📣Денеска официјално започна првата фаза од реконструкцијата и уредувањето на поројот за атмосферски води „Крушевска Република“. Градоначалникот Коста Јаневски со своите соработници изврши увид во стартот на градежните активности коишто ќе се реализираат на делницата од улицата „Брегалница“ до улицата „Маршал Тито“ во должина од три километри.
🏗Проектот опфаќа реконструкција на истрошените делови, промена на самиот пресек на поројот, проширување на двете паралелни сообраќајници, покривање на поројот, хортикултурно уредување, осветлување, со што овој комплексен проект значително ќе го промени изгледот на овој дел од градот и на целата Општина.
🌳Со овој градежен зафат ќе се зголеми функционалноста и естетскиот изглед на поројот „Крушевска Република“.