ПРЕКИНАТА ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА ЗА СЕМЕЈСТВОТО НИКОЛОВСКИ: ТАТКОТО БИЛ АЛКОХОЛИЧАР И ГИ ПЦУЕЛ И НАПАЃАЛ МАЈСТОРИТЕ КОИ ПОМАГАЛЕ!

ноември 29, 2023

Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово е прекината, соопшти Александар Ѓорѓиевски кој до денеска во хуманитарна акција ја реновираше куќата на семејството.

– Таткото е алкохоличар, ги пцуел и напаѓал мајсторите кои му ја реновираат куќата. Едниот човек овде има три деца, него го пцуел, а можеби мајсторот е позагрозен од овој човек ама отишил да му помогне, а ги оставил неговите деца дома, вели Ѓорѓиевски.

Тој раскажува за разговор со кумот на децата на семејството Николовски, кој уште од првиот ден на акцијата му кажал дека семејството не е сиромашно, туку мрзеливо, што го увидел и Александар кој сведочи дека ниту мајката ниту таткото никако не се грижеле за децата, а девојчето кое го гледавме во видеата објавени на социјалните мрежи често го малтретирало помалото братче кое има аутизам.

– Сме помогнале на многу луѓе, но некој овде да напаѓа и да не навредува, а сме дошле да ја реновираме куќата. Не се малку пари вложени таму, прво заменети се сите врати и прозорци со ПВЦ, но тука прекинуваме, истакна Ѓорѓиевски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ