На 27 ноември во 19:00 часот, во Театар „Антон Панов“ – Струмица, ќе настапи интернационална група составена од студенти-волонтери од различни држави од Европа и Азија. Тие ќе ја изведат музичко-сценската претстава „Божиќно Чудо“, мјузикл со христијанска содржина.
Овој мјузикл се изведува во повеќе од 45 градови низ Европа, а и оваа година на списокот е нашиот град Струмица. Претставата носи празнична атмосфера и силна порака за надеж и радост, претставена преку музика, танц и актерска игра.
Влезот е бесплатен.
Билетите можете да ги резервирате со скенирање на QR-кодот од социјалните мрежи на „Поскреќно Утре“ или директно преку следниов линк: https://forms.gle/qURvaYhiA183pVp58
Настанот е организиран и поддржан во соработка со Евангелско – Методистичка Црква – Струмица и Општина Струмица, а спонзор е „Бисер“ Bakery & Pastry.
Ве покануваме да бидете дел од ова празнично доживување и со радост Ве очекуваме!

























