strumica denes logo

ПРАЗНИ УЧИЛИШНИ КЛУПИ ВО МАКЕДОНИЈА – ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПРВАЧИЊАТА СЕ ЗАПИШУВААТ ВО УЧИЛИШТАТА ВО ИТАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА, ШВЕДСКА!

Автор:

Датум:

мај 12, 2024

Автор:

Датум:

мај 12, 2024

Во континуитет паѓа бројот на првачиња во Штип. Ако минатата година требаше да се запишат 580, на овие уписи согласно податоците добиени од СВР, во училишните клупи ќе има 21прваче помалку. Уште позагрижува фактот, што и овој број нема да се исполни во целост. Тоа е резултат на масовното иселување.

„ За жал оваа бројка не се исполнува. Од различни причини, едноставно луѓето мигрираат. Се селат во друга држава или град , па децата ги запишуваат во странство„ изјави Снежана Санева, од одделението за образование при Општина Штип.

Сериозен проблем во Штип, кој и оваа година при уписот на 559 првачиња треба да се надмине е реонизацијата. Токму во училиштето „Гоце Делчев„ во кое повеќе од 60% од учениците се Роми, има најголем број на барања за трансфер на првачиња во други училишта. Низ годините имаше и случаи кога родителите ја менуваа и адресата на живење само да не ги запишат децата во тоа училиште.

„ Ова прашање е навистина голем проблем за нашата општина. Го знаете и проблемот со сегрегацијата што се случи. Се надевам дека оваа година ќе има почитување на реонизацијата и сите ученици ќе бидат запишани во училиштата коишто спаѓаат во реонот„ изјави Снежана Санева, од одделението за образование при Општина Штип.

Сликата празни училишни клупи не ги заобиколува и останатите градови во државата. Белата чума го погоди крајниот Исток, каде голем дел од првачињата наместо дома, се запишуваат во училиштата во Италија, Германија или Шведска.