strumica denes logo

ПРАВДА МОРА ДА ИМА: Уапсени последните тројца градоначалници на општина Кочани!

Автор:

Датум:

март 20, 2025

Автор:

Датум:

март 20, 2025

Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев и Ратко Димитровски вечерва се приведени во врска со трагедијата во дискотеката Пулс, дознава Канал 5…

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Информацијата е потврдена од извори во МВР, а од Јавното обвинителство соопштија дека во тек е акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност која ќе трае во текот на ноќта, а повеќе инфомрации Обвинителството ќе соопшти по нејзиното завршување во текот на утрешниот ден.

Папазов пред два дена поднесе оставка на функцијата, а своето единствено јавно обраќање по пожарот го имаше преку социјалните мрежи…

Дискотеката „Пулс“ од Кочани работела 12 години. За тоа време се смениле три градоначалници – двајца од ВМРО-ДПМНЕ и еден од СДСМ.