Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пред два дена беше во посета на Италија, Рим каде бил присутен на собир на Партијата на Европските социјалисти. Но, иако бил повикан, организаторите не му дозволиле да влезе на настанот. Ова информација ја објави познатиот медиум „Политико“, а ја потврди исто така и поранешниот амбасадор во Италија, Оливер Шамбевски.
„Абе овие не ги пуштиле да влезат на прием на социјалистиве во Рим. Според моите информации, еве потврдени и од Политико, Рада и Таче не можеле да влезат на приемот“, напиша тој на социјалната мрежа Фејсбук.