strumica denes logo

ПОЗИТИВА НА ДЕНОТ: Марко Кренков од Струмица, ученикот кој ја одбележа учебната 2024/2025 година со достигнувања во информатиката и математиката!

Автор:

Датум:

јуни 3, 2025

Автор:

Датум:

јуни 3, 2025

Марко Кренков, ученик во деветто одделение во основното училиште „Видое Подгорец“ – Струмица, ја одбележа учебната 2024/2025 година со своите достигнувања во областа на информатиката и математиката. Со својот труд и талент, Марко се истакна како вистински пример за млад и посветен ученик.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во последните две години има освоено:

• 2 државни награди и 2 бронзени медали на Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО),
• 2 државни награди (државен првак во 8-мо одделение), 1 сребрен и 1 бронзен медал на Македонската јуниорска олимпијада по информатика (МЈОИ),
• Бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ),
• Бронзен медал на 8-та Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ), која се одржа во Кишињев, Молдавија.

Марко е првиот учесник со освоен медал на ЕЈОИ од Струмица, награда која потврдува дека учениците од нашиот град можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во Европа.