✅Денес, (среда) 18.03.2026 година во 12.00 часот во с.Босилово, ТППЕ Струмица со едно ПП возило и четири пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена просторија во куќа.
✅Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето со што е спречено негово ширење низ останатите простории во куќата и причинување на поголема материјална штета.
🚨Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193.



























