ПОСТАВЕНИ 26 ПРОЧИСТУВАЧИ НА ВОЗДУХОТ ВО ПОВЕЌЕ УЧИЛИШТА ВО СТРУМИЦА!

декември 19, 2019

Општина Струмица од страна на Владата на Република Македонија доби дваесет и шест прочистувачи на воздух за образовните институции. Денеска беа поставени прочистувачи во средните општински училишта ,,Јане Сандански” и ,,Никола Карев” и во основните училишта ,,Сандо Масев”, ,,Видео Подгорец” и ,,Маршал Тито” од Струмица. Ова е уште една од мерките која Општината ја спроведува за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: