По многу децении, конечно е воспоставена соработка меѓу Ловното друштво „Беласица“ – Струмица и ЈП „Национални Шуми“, ПШС „Беласица“ Струмица – Подружница Струмица, што претставува значаен исчекор во координацијата и заедничкото делување на терен.
Како што информираат од Ловното друштво „Беласица“, во наредниот период соработката ќе се продлабочува, а предвидено е двете страни да разменуваат информации и заеднички да спроведуваат контроли на терените со кои стопанисуваат, како и на одделите во кои се планирани активности за сеча и пошумување.
Во насока на јасно дефинирање на оваа соработка, директорот Никола Тренчовски и претседателот Зоран Ристов се договориле целокупната активност да биде правно-формално евидентирана, со цел истата да биде прецизно усогласена во рамките на институционалната соработка.
Целта на воспоставеното партнерство е подобра координација, поефикасна заштита на просторот и усогласено делување во интерес на природата и заедницата.



























