Општина Струмица ги известува граѓаните дека во периодот од 05.10.2018 до 22.10.2018 година ќе се врши асфалтирање на делници од улиците:
-„Младинска“ на потегот од улицата „Ѓорѓи Василев“ до крстосницата „Ристоман Попчевски“,
-„Ѓорѓи Василев“ на потегот од улицата „Киро Абрашев“ до крстосницата „Генерал Боро Поцков“
-„Ката Поцкова“ цела улица
-„11Септември“ на потегот од улицата „Елка Јанкова“ до крстосницата „Ристоман Попчевски“
Општина Струмица апелира до граѓаните за разбирање, бидејќи поради градежните активности на овие улици ќе има посебен режим на сообраќајот.