До крајот на 2023 година околу 510 илјади граѓани ќе живеат во умерена сиромаштија, односно со помалку од 200 денари дневно, додека 69 илјади граѓани ќе живеат во крајна сиромаштија, со помалку од 60 денари, нагласи економистот Бранимир Јовановиќ на панел- дискусија на тема „Достоинствен живот или опстанок?“.
Јовановиќ ги презентираше наодите од студијата што ја направиле заедно со Здружението за одржлив и инклузивен развој, а која мери и проценува колку ќе се зголеми сиромаштијата во земјава како резултат на поскапувањето.