Веста за новиот директор на Центарот за култура во Струмица Васил Бубев, создаде голем револт кај струмичките актери кој веќе втор ден остро реагираат. Реакцијата како што велат е поради тоа што Бубев не е соодветен за оваа функција и е потребен некој што доволно ја познава оваа работа. Васил Бубев инаку беше директор на ЈГДУ „Детска радост“ во Струмица. Денеска културните работници се собраа и порачаа:
„КУЛТУРАТА ИМ ПРИПАЃА НА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ! БОРБАТА ЗАПОЧНА. ОВА НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!“