ПОРАДИ НИСКАТА ОТКУПНА ЦЕНА НА ЗЕЛКАТА, ПРОТЕСТОТ ВО МУРТИНО ПРОДОЛЖУВА И ДЕНЕС!

април 4, 2018

Производителите на пролетната зелка не попуштаат! Од вчера па се до 8 часот утрово беше блокиран откупниот пункт во Муртино поради ниската откупна цена на зелката. Откако утрово ја прекинаа блокадата протестот продолжи во центарот на селото. Инаку, зелката најпрвин беше 30 денари а сега падна на 25 денари. Доколку не бидат послушани нивните барања тие ќе организираат помасовни протести.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: