strumica denes logo

Поради Илинден, пазарниот ден во Струмица ќе биде на 1 август!

Автор:

Датум:

јули 29, 2025

Автор:

Датум:

јули 29, 2025

Поради престојниот државен празник Илинден, кој се одбележува на 2 август (сабота), сите пазари на територијата на Општина Струмица, како и трговскиот центар „Глобал“, ќе бидат затворени.

Како што информираат од Комуналец-Струмица, пазарниот ден кој редовно се одржува во сабота, овојпат ќе биде поместен за петок, 1 август. Одлуката е донесена со цел граѓаните и трговците навремено да ги планираат своите обврски, а истовремено да се овозможи достојно одбележување на големиот национален празник.