Од овие состојки можете да подготвите 4 вкусни колачиња, што се идеални за оние денови кога немате ништо благо дома, а сакате да уживате во десерт без грижа на совест.
Овие колачиња се подготвени само од здрави состојки, без шеќери и глутен, а ќе ви бидат потребни само неколку минути за да ги направите.
Потребно е само да ги наредите состојките во калапи и да почекате да се оладат.
Потребни состојки:
- 80g чоколада за готвење;
- 50g несолени бадеми;
- 1 лажица кокосово масло;
- Малку путер од кикирики.
Начин на подготовка:
- Чоколадата со малку кокосово масло се топи на пареа или во микробранова печка во подлабок сад;
- Во стопената чоколада се додаваат и бадемите и се меша со шпатула;
- Се зема калап за мафини и во 4 калапи се става по малку од смесата со чоколада и бадеми, па потоа се додава по една лажичка путер од кикирики;
- На секое колаче се става уште по една лажица чоколада со бадеми и готовите колачиња се ставаат да се оладат во ладилник околу 1 час.
Видео упатство: