ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ ХЕРОИН, КОКАИН, ДИГИТАЛНА ВАГА И ДРУГИ ПРЕДМЕТИ СО ОСТАТОЦИ ОД ДРОГА ВО КУКЛИШ И ГЕВГЕЛИЈА!

септември 16, 2023

На 14.09.2023 во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и 39-годишната И.Ц. од с.Куклиш, струмичко. При преглед кај нив, кај Г.П. бил пронајден и одземен хероин. По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека Г.П. дрогата ја купил од А.Т.(38) од Гевгелија. Денеска (15.09.2023), со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т.. При претресот биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога. Исто така, при претресот, во домот бил затекнат и Т.Т.(40) од Гевгелија, кој дошол да користи дрога. По консултација со јавен обвинител, двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ