ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЛИХВАР ОД СТРУМИЦА КОЈ ЗИМАЛ КАМАТА ОД 10% НА МЕСЕЦ!

септември 22, 2023

СВР Струмица поднесе кривична пријава против И.Н.(44) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство’’. Пријавениот во својство на управител на правно лице, финансиско друштво од Струмица (заложна куќа) и покрај тоа што правното лице нема овластување за кредитно посредување, давал пари на заем склучувајќи договори кај адвокат како физичко лице, без договори за залог, како и без евиденција на истите со деловоден број, а при тоа определувал несразмерна каматна стапка од 10% на месечно ниво за лицата на кои им давал пари на заем.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ