ПОЛИЦИЈАТА ИЗВЕСТУВА ЗА ЧЕТИРИ ФИЗИЧКИ НАСИЛСТВА ВО СТРУМИЧКО, ЕДНИОТ Е ВРЗ ЖЕНА!

септември 5, 2023

На 02.09.2023 во 17.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ќ.Ј.(35) од Струмица затоа што физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.09.2023 во 02.45 часот во СВР Струмица, Д.М.(32) од с.Дабиле, струмичко, пријавил дека околу 01.00 часот во угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.09.2023 во 05.40 часот во СВР Струмица, Ф.И.(30) од Куманово пријавил дека во угостителски објект во Струмица, тој и И.И. биле физички нападнати од А.Џ. и В.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.09.2023 во 15.15 часот во СВР Струмица, А.В.(53) од Струмица пријавил дека околу 14.30 часот пред угостителски објект на ул.„Балканска“ во Струмица бил физички нападнат од З.„Н“ од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ