ПОЛИЦИЈАТА И ВО СТРУМИЦА СО ПРЕДАВАЊА ПРОТИВ ДРОГИ, ЏЕБНИ КРАЖБИ, УПОТРЕБА НА ТЕЛЕФОНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОЗЕЊЕ!

октомври 20, 2023

-На подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Струмица, Штип и Велес во текот на вчерашниот ден беа организирани превентивно-едукативните активности на полициските служби посветени на повеќе теми, соопшти МВР.

Во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола реализираа едукативна работилница со средношколците од општинското средно училиште „Цар Самоил“ околу превенцијата од зависности од дроги „Кажи не на дрогата, да на животот“, а идентични едукативни работилници реализираа и полициски службеници од СВР Штип со средношколците од трета и четврта година од штипските средни училишта „Славчо Стојменски“ и „Коле Нехтенин“.

На подрачјето на СВР Штип, во Делчево и во Кочани, беа спроведени превентивни активности тематски посветени на заштитата од џебни кражби.

На подрачјето на СВР Струмица, полициски службеници од ОВР Радовиш во соработка со Црвениот крст Радовиш реализираа едукативна работилница со ученици од девето одделение од основното општинско училиште „Крстев Петков Мисирков“ , а на тема поврзана со препознавање и превенција на трговијата со луѓе. Вчера и на подрачјето на СВР Велес беше реализирана сообраќајно-едукативна активност во Кавадарци, а под мотото “Биди одговорен возач- не користи мобилен телефон“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ