Полиција влезе во магацини каде што волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини, пренесува a1on.mk.
Волонтерите до 4 часот утринава останале во полициска станица, каде што даваа исказ. Во акцијата на полицијата била вклучена и дежурната јавна обвинителка Лидија Георгиева, кој наредила хуманитарната помош да не биде транспортирана додека не се достават документи за потекло на стоката. Претседателот на невладината организација, Александар Маркоски, појаснил дека испратниците и фактурите не ги чуваат во магацин и дека тие се кај донаторите на стоката, односно семејството Заеви, но не наидоа на разбирање од страна на инспекторите.