ПОЛАРНИОТ БРАН СЕ’ ПОБЛИСКУ ДО БАЛКАНОТ: Температури во длабок минус и многу снег!

јануари 4, 2024

Натпросечното топло време за овој период од годината на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе потрае се до 7.1.2024, по што следува силен продор на поларен бран од Арктикот и многу снег на Балканскиот Полуостров.

Силен циклон кој ќе се формира над Јадранот за време на викендот ќе донесе многу дожд, а потоа и многу снег во регионот. Во исто време од Арктикот ќе ни се спушта многу студен воздух кој во деновите потоа ќе ги спушти температурите во длабок минус и тие ќе бидат под просекот.

Според сегашните ажурирања на нумеричките модели ширум регионот температурите ќе се спуштат и под -15 степени (понекаде до -20 степени). Североисточно од нас ќе биде дури и многу постудено. Речиси целиот Европски Континент ќе биде зафатен од овој Арктички бран.

Овој поларен бран ќе ја зафати и Македонија, допрва ќе се утрдува дали и во Македонија ќе има значителна снежна покривка како во регионот.

Во следните наши објави, секако и со новите понатамошни ажурирања на нумеричките модели состојбата ќе биде многу појасна. Едно е сигурно, а тоа е дека Арктичкиот бран ќе не зафати, вели Славчо Попоски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ