ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

септември 26, 2023

Паднаа потписи и договори меѓу надлежните за покачување на платите на наставниците во основното и средното образование за 15%. Веста ја соопшти на социјалните мрежи Јаким Неделков, кој објави фотографии заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, како се ракуваат и како го потпишале договорот.

„Честито!!!! Септемвриските плати во основното и средното образование повисоки за 15 %. Продолжуваме понатаму со потпишување на колективните договори за основно, средно и високо образование“, се наведува во објавата на Неделков.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ