Perdormire
Струмица

Погледнете која е струмичанката што ги украде сите погледи на „Златна бубамара“

Home

Александра Илиева има доверба во себе и никогаш не се откажува од замислената цел додека не ја постигне. И нејзиниот музички инструмент на кој со години свири, саксофонот, има доверба во умешностите на Александра. Така заедно, ќе дотуркаат далеку, пишуваше порталот МКД.мк за саксофонистката Александра Илиева уште пред неколку години. Токму Илиевска, го привлече вниманието како дел од тимот на Влатко Лозаноски, кој доби награда за најдобар пејач и за хит на годината.

Оваа убава девојка е родена во музичко семејство во Струмица. Татко ѝ е обоист, професор по музика, а нејзините две сестри исто така се занимаваат со музика, едната свири виолина, а другата е балерина.

„Убавина на музиката ја почувствував преку саксофонот и со него сфатив дека музичката уметност ќе биде моја идна професија“, изјави тогаш Александра Илиева за МКД.мк. Александра верува дека успехот ќе дојде со амбициозноста, упорноста, трудот и напорната работа. „Сметам дека успехот го илустрираат и убавиот карактер и манирите“, додава оваа убавица, која сепак за убавината смета дека е само стремеж за секоја успешна жена.

„Мислам дека убавината произлегува од самата личност. Отсекогаш сум сметала дека природната убавина е најубава одлика на секоја жена. Па така и мојата нега се одликува со сè што е на природна база и природни бои. Во мојата козметика може да се пронајдат: маскара, моливче за очи, руменило, сенки за очи и сјај за усни што само ги потенцираат цртите на моето лице“, ни рече Александра. За да изгледа вака како што изгледа, оваа уметница не држи диети, туку практикува исхрана што изобилува со овошје и зеленчук.

„Спортот и спортските активности се најважна цел за здрав и убав живот. Моментално не тренирам никаков спорт, но наскоро пак почнувам. Јас лично мислам дека секој друг човек треба да внимава на физичката активност не само заради изгледот, туку таа игра голема улога и во здравјето. А хоби ми е најчесто во вечерните часови да се опуштам со добар филм, книга или музика“, вели таа.

Луѓето ги препознава преку очите. „Очите го отсликуваат внатрешниот изглед на секој човек, а според мене, внатрешниот изглед е најважен бидејќи од него извира убавината“.

Александра е девојка со стил. А самата за стилот вели вака „Стилот ја илустрира емоционалната состојба кај секој човек“. Дел од нејзиниот стил е и саксофонот, инструмент на кој свири секојдневно по неколку часа. А ние едвај чекаме да слушнеме да ни засвири на сцената.