ПОГЛЕДНЕТЕ КОИ 4 ХРАМОВИ НА БАЛКАНОТ СЕ ПОСТАРИ ОД НОТР ДАМ, ЕДЕН ОД НИВ СЕ НАОЃА ВО СТРУМИЦА!

април 17, 2019

Светот е потресен од уништувањето на катедралата Нотр Дам во Париз која е дел од светското културно наследство. Оваа позната црква датира од 11 век и е во готски стил. Сепак и на Балканот има храмови кои се постари од оваа црква но за кои малку се знае. Еден од нив се наоѓа во Струмица!

Црква Свети Петнаесет тивериополски маченици во Струмица

Потекнува од 9 век, посветена на Петнаесетте маченици. Основни податоци за делата на Светите Петнаесет маченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски.

Во дворот на црквата имало пораснато дрво над гробовите на мачениците. Локалното население го почитувало тоа дрво како свето. За време на Османлиското ропство кога сакале да го пресечат дрвото луѓето ги снашла голема несреќа.

Св. Софија во Охрид

Датира од 9 век и е посветена е на Христос како Божествена Премудрост т.е. Св. Софија. Оваа црква представува еден од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрески.Таа е една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија.

Црква Св. Софија во Бугарија

Потекнува од 4 век. Оваа црква е една од најстарите во градот изградена во 4 век. Во 14 век, по самата црква било именувано и името на градот Софија. Во време на Османлиската империја била претворена во џамија.Црквата е изградена врз темелите на неколку стари цркви од времето на римскиот град Сердика.

Црква на Богородица Љевишка во Призрен-Косово

Овој храм на српската православна црква е посветен на Богородица Љевишка. Се наоѓа во Призрен и е седиште на призренската епископија. Изградена е во 10 век како базилика во стилот на византиската архитектура и е посветена на Успението на Пресвета Богородица.Овој храм сега е под големо обезбедување на војниците на КФОР по војната во Косово.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ