strumica denes logo

ПОДГОТВЕТЕ СЕ СНЕГОТ ДОАЃА: УХМР ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НАЈАВУВААТ ТЕМПЕРАТУРИ ДО -14 СТЕПЕНИ И СНЕЖНИ ПОКРИВКИ НА ПОНИСКИТЕ МЕСТА!

Автор:

Датум:

ноември 24, 2023

Автор:

Датум:

ноември 24, 2023

Денес ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Утре ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.