ПОЧНУВА СО РАБОТА ЦЕНТАРОТ ЗА ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ИНДИВИДУАЛЕН ТРЕТМАН!

септември 16, 2023

Центар за дневен престој на деца со попреченост со индивидуален третман во општина Струмица може да работи од како денеска на давателот кој ќе ја спроведува социјалната услуга му беше доделена дозволата од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

На доделувањето на дозволата присуствуваа секретарот на општина Струмица Александар Оџаков и членови на Советот.

Општина Струмица во овој проект учествува со вкупно 5,6 милиони денари и со отстапување на простор со површина од 300 метри квадратни во поранешното средно училиште „Јахја Кемал“.

Со отворањето на овој Центар, Струмица уште еднаш потврди дека е најинклузивна општина во државата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ