strumica denes logo

ПОЧНА ЧИСТЕЊЕТО НА ЕЗЕРЦЕТО ВО ГРАДСКИОТ ПАРК – НОВИ КУЌИЧКИ ЗА ПАТКИТЕ И ОБНОВА НА МОСТЧИЊАТА!

Автор:

Датум:

март 26, 2026

Автор:

Датум:

март 26, 2026

Неколку денови по најавата на директорот на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица за уредување на езерцето во градскиот парк, започна реализацијата на планираните активности на терен.

Во моментов се врши празнење и комплетно чистење на езерцето, со цел подобрување на хигиената и изгледот на овој дел од паркот. Паралелно, започната е и замена на старите со нови куќички за патките, кои претставуваат препознатлив симбол и дополнителен украс на просторот.

Во наредниот период, како што информираат надлежните, предвидена е и замена и обновување на оштетените дрвени мостчиња, како и освежување на останатата урбана опрема.

Со овие активности, граѓаните ќе добијат поуреден, побезбеден и поатрактивен простор во срцето на градскиот парк, кој особено во пролетните и летните денови е омилено место за прошетка, одмор и рекреација во чиста и уредена животна средина.