ПОЧИНА СТРУМИЧАНЕЦОТ СТЕФАН ТАУШАНОВ – МОМЧЕТО ЗА КОЕ СЕ СПЛОТИ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!

декември 6, 2023

Денес во раните утрински часови по долго и тешко боледување, во Господа се упокои чедото Божјо Стефан Таушанов. Стефан почина во Addenbrook’s Hospital, Cambridge опкружен и опсипан со љубов од потесното семејство и молитвен Канон за исход на душата.

Неговото семејство а особено Стефан беше верно чедо на нашата света Парохија, под закрила на св Архангел Михаил и со својата смиреност и чиста вера не научи сите како се поднесува секое искушение што ќе Го допушти Господ заради нашето спасение.

Почивај во мир драг пријателе и нека ти е вечен споменот. ✝️
Сочувство до семејството.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ