Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
🎭По пауза од две години поради пандемијата од Ковид 19 го враќаме „Струмичкото чудо“. Вековната карневалска традиција продолжува од 2 до 9 март со сите нишани на типичното, само за нас, празнување под маски.
Само два дена не делат од почетокот на оваа убава традиција, а тоа е симболичното предавање на клучот на градот од мои раце во рацете на струмичките карневалисти, па од тој момент ќе следуваат осумдневни бројни интересни содржини, меѓу кои и големиот Струмички карневал, во сабота на 5. март. Тоа значи дека од среда до среда, струмичани и сите гости од страна ќе имаат можност да уживаат во шаренилото и богатството на карневалските свечености.
Општина Струмица и јас како градоначалник и покровител на Струмичкиот карневал и карневалските свечености, со задоволство ги поканувам граѓаните да бидат сведоци на продолжувањето на убавата традицијата, но во исто време апелирам на одговорност и зачувување на своето здравје и здравјето на другите.
Нека ни е со среќа карневалска Струмица🍀❤️