ПО ОБЈАВАТА ДЕКА СТРУМИЦА ЌЕ ДОБИЕ ПЛИВАЧКИ БАЗЕН, ГОЛЕМ БРОЈ СТРУМИЧАНИ КОМЕНТИРАА ДЕКА Е ПОТРЕБНО СТАРЕЧКИ ДОМ!

април 10, 2019

Откако владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на Проектот за изградба на 14 пливачки базени во Република Македонија меѓу кои е и Струмица, повеќе граѓани на Струмица под објавата на Струмица Денес коментираа дека не е потребен базен во градот туку старечки дом. Дел пак коментираа дека тоа е одлична вест како за помладите така и за постарите. Во продолжение погледнете дел од коментарите:

„Треба канализациона мрежа, барем во поголемите селски населби. Во 21 век без одвод се речиси сите села на Струмица. Потребен е старечки дом. Овде е и проблемот со отпадот. Прво решете ги овие роблеми а потоа пливајте и уживајте.“

„Браво! Само да не е на фалби. Инаку тоа е најприоритетно во општината како за младите, така и за постарите луѓе.“

„Старечки дом ни треба а не базен. Младите избегаа и сега нема кој да ги гледа постарите.“

„Струмица имаше прекрасен базен со сите стандарди и со реновирање повторно ќе му го вратеа стариот сјај, но неодговорните структури поради незнам кои лични интереси го растурија. Никој за ништо не мислеше а сега им текна да трошат пари наместо да се потрошат за покорисни работи кои недостасуваат во Општината. И сега ако ја кажеш вистината ти си критизер, за жал.“

„Редно беше! На Струмица и недостасуваат базени.“

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ