ПО НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ ПОВТОРНО ВО СТРУМИЦА ШАХОВСКА ШКОЛА: НАЈМЛАДИТЕ ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА СЕ ЗАНИМАВААТ СО РАЗВИВАЊЕ НА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА, КРЕАТИВНОСТА И ЛОГИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ!

јануари 28, 2022

Во Струмица за прв пат по неколку децении повторно ќе има шаховска школа. Најмладите ќе имаат можност да се занимаваат со развивање на својата интелегенција, логичко размислување и да ја развиваат својата креативост преку учење шах.

Шаховски клуб ,,Цареви Kули” Струмица во рамките на својата годишна програма од февруари ја стартува шаховска школа за основци и средношколци.

Просториите се наоѓаат во гимназијата ,,Јане Сандански”, а се опремени со современа опрама и помагала за учење шах. Часовите ги држат лиценцирани тренери, а онлајн во наставата ќе се вклучуваат и познати шаховски мајстори од Македонија.

Родителите ќе може да ги упишат своите деца со испраќање на СМС порака на бројот 076-277-722 со наведување на име и презиме на родителот или старателот, името и презимето на ученикот, број и е-маил за контакт.

Исто така ќе може да го посетат шаховскиот клуб секој понеделник, среда и петок од 17:00 до 20:00 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: