ПО ДОНЕСЕНАТА ОДЛУКА ДЕКА РУДНИК НЕМА ДА ИМА, ЕУРОМАКС ОБЈАВИ: ПРЕМИЕРЕ, ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА РЕКОВТЕ ДЕКА УСТАВЕН ЌЕ ОДЛУЧИ!

декември 18, 2019

На седницата во Куманово беше донесена одлука за едностран раскин на договорот за концесија за рудник на бакар и злато на локалитетот „с.Иловица“, во Општина Босилово. Договорот еднострано се раскинува бидејќи концесионерот нема поднесено барање со целокупна неопходна документација за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини.

Еуромакс на својот фејсбук профил реагираше веднаш по одлуката:

„Каде е владеењето на правото г-дине Премиере Zoran Zaev? Само пред неколку дена рековте дека ќе чекате Управен Суд да одлучи…“ 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ