ПО ДОЛГИ ГОДИНИ ПОВТОРНО ПЕЛИВАНСКО БОРЕЊЕ ВО ПРОСЕНИКОВО ЗА МАЛА БОГОРОДИЦА – ОРГАНИЗАТОР Е КИК – БОКСЕРОТ ТАЧЕ ЈЕФТИМОВ!

септември 18, 2023

Да ја продолжиме традицијата. По повод верскиот празник Мала Богородица на ден 21.09.2023 година со почеток од 13:00 часот во село Просениково, ќе се одржи пеливанско борење. Учество ќе земаат пеливани од Бугарија, Скопје, Штип и Радовиш, а организатор на на пеливанското борење е познатиот струмички кик-боксерот Таче Јефтимов (фамилија Топлчиеви).

„По долги години го враќаме овој спорт во Просениково. Имаме голема поддршка од луѓето и ги поканувам сите да бидат дел од овој настан кој е од големо значење за нашиот регион“, изјави Таче за Струмица Денес.

Пеливаните ќе се борат за следниве награди:

1 (рака) награда – 300 евра
2 (рака) награда – 250 евра
3 (рака) награда – 200 евра
4 (рака) награда – 150 евра
5 (рака) награда – 100 евра
6 (рака) награда – 50 евра

На сите учесници ќе им бидат платени патните трошкови. Бидете дел од овој прекрасен настан!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ