strumica denes logo

ПО 7 ГОДИНИ ЗАСТОЈ ЗАПОЧНА ДОИЗГРАДБАТА НА СТАРИОТ ТЕАТАР ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

септември 28, 2025

Автор:

Датум:

септември 28, 2025

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, присуствуваше на увид во градежните активности за доизградба на стариот струмички театар „Антон Панов“ во Општина Струмица.

По седум години застој, проектот повторно е ставен во приоритет и започна со реализација, што претставува значаен чекор за културниот живот на градот и регионот.

Премиерот истакна дека Владата останува посветена на поддршка на сите општини во државата. Тој потсети дека Општина Струмица во првиот повик од Министерството за локална самоуправа немала одобрен проект, но дека овојпат поднела неколку апликации за изградба и реконструкција на улици, кои биле целосно прифатени и ќе бидат финансирани во следниот период.

„Нашата порака е јасна – ние сме Влада на цела Македонија, на сите општини. Продолжуваме да работиме и да испорачуваме, како што ветивме пред граѓаните“, нагласи Мицкоски.