strumica denes logo

„ПЛУКАНА, АМА ГОРДА, ПОВРЕДЕНА, АМА ХРАБРА“ – СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА ЈА ОБЈАВИ СВОЈАТА ПРВА ПЕСНА „СВОЈА“

Автор:

Датум:

март 12, 2026

Автор:

Датум:

март 12, 2026

Младата и талентирана Тина Русева од Струмица на својот Јутјуб канал ја објави својата прва песна со наслов „Своја“, со што направи значаен чекор на својот музички пат.

Станува збор за песна која носи силна емоција, лична порака и охрабрувачки стихови, преку кои Тина испраќа моќна порака за самоприфаќање, храброст и внатрешна сила. Уште од првите стихови, „Несовршена, ама моја! Расплакана, ама силна! Плукана, ама горда! Повредена, ама храбра!“, јасно се чувствува искреноста и длабочината што младата струмичанка ја вложила во ова музичко остварување.

Песната „Своја“ говори за борбите низ кои минува секој човек, но и за силата да се остане свој, достоинствен и исправен и тогаш кога животот носи предизвици. Токму затоа, оваа песна не е само музичко деби, туку и личен печат на една млада уметница која храбро се претставува пред публиката.

Со својата прва песна, Тина Русева покажува дека поседува искрен талент, емоција и потенцијал кој заслужува внимание. Нејзиниот почеток со „Своја“ е убав вовед во она што допрва може да го донесе на музичката сцена.

На Тина ѝ посакуваме многу успех, инспирација и уште многу авторски песни во иднина.