strumica denes logo

ПИШУВА МИТКО БОЈАЏИСКИ: Големиот срам за Струмица!

Автор:

Датум:

јуни 30, 2025

Автор:

Датум:

јуни 30, 2025

Пишува Митко Бојаџиски на социјалната мрежа фејсбук:

ГОЛЕМИОТ СРАМ ЗА СТРУМИЦА

Замислете некој да запали автомобилска гума на сред плоштад. Само една. Ќе ја засмрди цела Струмица. Колку само ќе бидеме револтирани. Ќе бараме затвор за говедото што го сторило тоа. И со право.

Депонијата Шапкар гори дваесетина дена. Дали сме свесни колку тони секакво токсично ѓубре се претвора во чад кој секој ден ние го дишеме и го загадува полето од кое се храниме? Знаеме ли колкава е таа сила од отров која ја покрива целата струмичка котлина заедно со градот? Не можеме да ја видиме таа стравична глетка со голо око и сме релативно мирни како ноеви со главата во песок. Да, реагираме поединци кој колку може и на тоа останува. Треба да ни е срам на сите нас струмичани!

Градоначалниче, до каде стасавме со проектот: Струмица најголем нужник во Европа?! Или сега сте зафатени со мислата дали ќе добиете доверба за уште еден мандат во партијата?!