Синоќа министерката за одбрана Славјанка Петровска, објави дека Министерството за одбрана и Армијата испраќаат итна помош за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција.
– На предлог на Министерството за одбрана, Владата на вонредната седница донесе одлука да бидат испратени тим за заштита и спасување од Армијата, кучиња трагачи и хуманитарна помош во пријателска Турција. 22 лица од Баталјонот за специјални сили, две лица водачи и кучиња обучени за трагање наскоро заминуваат во сојузничка Турција, за да помогнат да се спасат човечки животи, под урнатините настанати од катастрофалниот земјотрес, напиша Петровска на Фејсбук-профилот по вонредната владина седница.
Застануваме солидарно, посочува таа, да им помогнеме на преживеаните да ги пребродат овие тешки времиња.
– На пријател во неволја, секогаш ќе му помогнеме, напиша Петровска.