Петре Велков ќе учествува на WAKO Kickboxing World Championship, кое ќе се одржи од 21 до 30 ноември во Абу Даби, каде ќе се натпреварува во дисциплината Low Kick – 67 kg и ќе ја претставува Република Македонија на едно од најпрестижните светски натпреварувања во кикбокс.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари средба со Велков, на која лично му посака многу среќа, успешни борби и силен победнички дух. Андонов изрази уверување дека нашиот претставник достоинствено ќе се бори и ќе постигне одличен резултат.
Тој нагласи дека општина Василево и понатаму ќе стои зад спортистите кои со својот труд, дисциплина и посветеност ја промовираат општината и државата на меѓународната спортска сцена, истакнувајќи дека Петре Велков секогаш ќе ја има неговата поддршка.
Од општина Василево му посакуваат на Петре Велков успешно учество на Светското првенство и враќање од Абу Даби со висок пласман.
Напред, Пепи!

























