Денеска во Собранието на Република Македонија го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери за студентите.
Со овој закон се предвидува финансиска поддршка за младите преку ваучери за набавка на електронски уреди — персонален компјутер, лаптоп или таблет.
Право на ваучер ќе имаат сите студенти до 29 години, редовни и вонредни, запишани во учебната 2025/2026 година на државни и приватни високообразовни установи во Република Македонија.
– Ваучерите се издаваат во вкупен износ од 850.000.000 денари
– Секој ваучер ќе биде со вредност од 15.300 денари
– Се предвидува издавање на вкупно 55.000 ваучери
Целта на овој проект е јасна – поддршка за дигитална писменост, подобри услови за студирање и еднаков пристап до технолошки алатки за сите студенти во државата.