strumica denes logo

ПЕТАР ЈАНКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ГРЧКАТА АМБАСАДОРКА СОФИЈА ФИЛИПИДОУ: РАЗГОВАРАНО ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА!

Автор:

Датум:

март 11, 2026

Автор:

Датум:

март 11, 2026

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, оствари средба со амбасадорката на Република Грција во Република Македонија, нејзината екселенција Софија Филипидоу, заменик-амбасадорката Георгија Андреади и конзулката Панајота Емануилиду.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката на локално и регионално ниво, како и за иницијативи што можат да придонесат за развој на економската, културната и институционалната соработка.

Притоа било истакнато дека струмичкиот регион има значајна географска позиција, имајќи предвид дека граничи со Република Грција и Република Бугарија, две земји членки на Европската Унија. Токму оваа положба, според соговорниците, отвора дополнителни можности за прекугранична соработка, реализација на заеднички проекти и поврзување на институциите и граѓаните од регионот.

Во рамки на разговорот била изразена подготвеност за понатамошно продлабочување на пријателските односи и поддршка на иницијативи од заеднички интерес. Од Општина Струмица посочуваат дека остануваат посветени на развивање партнерства кои придонесуваат за напредок на локалната заедница и зајакнување на регионалната соработка.