strumica denes logo

ПЕТАР ЈАНКОВ: Граѓаните од Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци може да бидат сигурни дека водата за пиење е во исправна состојба!

Автор:

Датум:

ноември 17, 2025

Автор:

Датум:

ноември 17, 2025

Петар Јанков, градоначалник на општина Струмица:

Граѓаните од населените места Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци може да бидат сигурни дека водата за пиење е во исправна состојба.

Ова известување е врз основа на доставените анализи на вода изготвени од ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица.

Во наведените населени места се земени мостри од водоводната мрежа од следните мерни места: во селото Рич од чешмата во центарот, во Раборци од чешмата во центарот, во Белотино од чешмата во црквата, во Попчево од чешмата во училиштето и во Костурино од чешма во куќа до патот на селото.

Врз основа на микробиолошкиот и физичко – хемиски лабораториски наод, согласно Правилникот за безбедност на водата, испитаните примероци на вода одговараат на законските и стручни прописи.

Во водата нема присуство на микроорганизми, физички и хемиски супстанци штетни по здравјето на човекот.

  • Banner