strumica denes logo

ПЕСНАТА СО КОЈА РАСТЕВМЕ: Коледе бабо, Коледе!

Автор:

Датум:

јануари 4, 2026

Автор:

Датум:

јануари 4, 2026

Утре, низ Македонија ќе одекне еден од најпрепознатливите звуци на народната традиција – Коледе. Празник што се пренесува од поколение на поколение и песна со која израснаа многу генерации, повторно ќе ги оживее маалата, дворовите и домовите, носејќи радост, детска смеа и духот на заедништвото.

Коледарската песна е симбол на надеж, благослов и желба за здравје, бериќет и среќа во домот. Децата, како вистински чувари на традицијата, со полни срца ја пеат познатата песна и ја пренесуваат пораката дека добрината и сплотеноста се темелите на секоја заедница.

„Коледе бабо, Коледе,
дај ми бабо колаче,
да ти живи малаче.
Еден, два, три –
КОЛЕДЕ!“

Коледарската песна е наследство кое не смее да згасне. Таа е дел од колективната меморија, од детството и од идентитетот.

Фото архива на Струмица Денес.