ПАСОШИТЕ НАПРАВИЈА ПРОБЛЕМ ВО МАКЕДОНИЈА: Хаос во туристичките агенции, се откажуваат аранжмани за 8 март!

февруари 26, 2024

Вадењето на личните документи со новото уставно име направи хаос во државава. По катасртофалниот ковид-период граѓаните останаа повторно во карантин. Обрасци нема доволно, граѓаните принудени се да ги откажат планираните патувања, а во загуба се туристичките агенции.

Александар Чоневски, дел од туристичкиот сектор вели дека клиентите не ги анкетираат дали имаат важечки лични документи, бидејќи тоа е приватна работа и не си дозволувале да прашаат такво нешто. Истовремено тврди дека никој од клиентите не ги информирал при уплатата дека поседуваат неважечки документи.

„Иако во случајов би било контрапродуктивно за нас како туристички сектор, сепак мислам дека оние кои се уште немаат закажано термин за фотографирање, би било паметно да не вршат уплати од нивна страна. Во овој момент оние кои немаат документи, а се надевале дека ќе добијат ги откажуваат своите аранжмани, а за нас е навистина сериозен проблем.“ – вели Чоневски.

Дали има излез од лавиринтот и кој ќе одговара за штетите на граѓаните од овој период? Дали личните документи станаа луксуз или потреба?

„Ако некој повеќе од сите сака граѓаните да можат да патуваат, а ние да им го овозможиме истото, тоа е дефинитивно туристичкиот сектор, односно ние туристичките агенции. Да напоменам, да не се заборави дека после две катастрофално тешки сезони, 2020/2021, во овој случај после две релативно добри сезони повторно во 2024 година ни се случува да бидеме во сериозни проблеми за функционирање. Овој пат е единствено, исклучиво од наша страна, поради тоа што немаме документи.“ – вели Чоневски.

Резервациите се откажуваат, агенциите принудени се да враќаат средства кои веќе ги уплатиле за одредена дестинација, а се поретки се и случаите за резервација за наредниот период. Во пресрет на летниот период агенциите во исчекување-дали ќе има клиенти кои ќе имаат исправни документи за патување надвор од државава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ