Пари за печки на пелети и клима уреди ќе има – како и колку ќе добијат граѓаните од странските грантови допрва ќе се знае!

ноември 5, 2023

Пари има но допрва ќе се знаат процедурите за тоа како малите и средните претпријатија и ранливата категорија на граѓани ќе може да ги користат грантовите кои владата ги нуди како помош се со цел справување од климатски промени и загадување на воздухот. На листата се клима уредите, фотоволтаиците…

Со овие 30 милиони евра се надеваме дека ќе ги поддржиме локалните мали и средни претпријатија во насока на она што е модерно и она што се случува на пазарт а тоа е да се воведат што повеќе капацитети на обновливи извори на енергија односно полека да се преориентира државата кон зелени извори на енергија, изјави Наум Рибаревски претставник на Европска банка за обнова и развој.

Просечната вредност на кредитите да биде отприлика околу 11.600 долари, меѓутоа попрецизно ќе бидат објавени критериумите на програмата и ќе бидат објавени со сите детали во однос на тоа како може да се аплицира и кои се сите технички елементи, објави Телма.

Додека една од опциите на владата за почист воздух се поставување на клима уреди, надлежните апелираа дека граѓаните се поретко се одлучуваат на ова загревање со оглед на високата цена и скапата поправка.

Во ек на грејната сезона за сега податоците на загадување на воздухот се под максимално дозволените бројки освен општина Велес која има зголемно ниво на пм10 честички.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ