(ПАРАВЕСТ)
ПАРАВЕСТ фотографија споделувана од струмичките уметници на фејсбук:
Нови тезги денеска се појавија кај Домот на културата. Граѓаните се прашуваат дали е некој од новите културни проекти на уметниците или пак конечно се отвора нов пазар на платото пред Домот.
-Недостигаше пазар на тој празен простор, премногу ми е далеку да барам низ градот тезги со праз и зелка.
– Одговори една затекната граѓанка на прашањето „Нели ви пречи што е блокиран патот пред влезот на Културниот дом?!
Институциите пак се затекнати. Тие уште го истражуваат случајот и ги бараат ингеренциите за евентуално остстранување на дивите тезги со праз.