На 10.10.1946 со високи државни почести е погребан Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Во чест на Гоце Делчев, денес за прв пат во историјата ги објавуваме колоризираните фотографии од моштите на Гоце Делчев. Дел од овие фотографии беа претходно објавени како црно-бели или колоризирани со жиг, за кој жиг (лого) сметавме дека е сквернавење на моштите на Делчев. Поради ова, врз основа на оригиналните црно-бели фотографии рачно е направена колоризација на фотографиите. Колоризацијата е поддржана од една компанија, кој сака да биде анонимна, а во соработка со еден приватен Универзитет. Фотографиите може да се користат од секој кој ќе ги користи со достоинство кон Гоце Делчев, а забрането е нивното користење од бугарските фашисти и шовисти.
Гоце Делчев, роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, го заврши својот живот на 4 мај 1903 година во селото Баниц. Три години подоцна, неговите посмртни останки биле откопани и започнало нивното патешествие – од Баница, преку Пирин и Софија, па сѐ до нивното конечно пристигнување во новиот главен град на македонската држава. Пренесувањето на моштите траело три дена, на 7, 8 и 9 октомври 1946 година, а тој чин бил проследен со огромна маса народ што му оддавал почит на великанот и на неговото испраќање од Софија и пристигањето во Скопје. Пред изнесувањето од домот на војводата Михаил Чаков во 1923 година, на ковчегот бил врежан заветот:
„Ги заколнуваме поколенијата, светите коски да бидат погребани во идната престолнина на независна Македонија!“
Вечна слава!